РУСИЈА ГО СТАВА ТРАМП ВО УЧЕБНИЦИТЕ Планот за мир во Украина ќе се учи на часови
Претседателот на САД, Доналд Трамп, дефинитивно влезе во историјата, вели помошникот на претседателот на Руската Федерација, Владимир Медински.
Планот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за ставање крај на војната во Украина ќе биде вклучен во руските учебници, изјави помошник на претседателот на Руската Федерација и еден од авторите на учебникот и претседател на Руското воено историско друштво, Владимир Медински.
– Извонредните напори што ги прави новата администрација на САД за да се обиде разумно да го реши конфликтот во Украина и, воопшто, неверојатните трансформации во американската внатрешна политика на кои сега сме сведоци, несомнено ќе се појават на страниците на учебниците и за руската историја и за светската историја кога ќе се подготви следното издание. Овде можеме да кажеме дека Трамп дефинитивно влезе во историјата – рече Медински.
Медински смета дека нема право да ја коментира политиката на претседателот на САД, но истакна дека како набљудувач и историчар може да каже дека „живееме во историска ера“.
Претходно Трамп изјави дека Русија и Украина би можеле да склучат мировен договор во недела, на 27 април.
Во исто време, САД предупредија дека Вашингтон, доколку мировните преговори пропаднат, ќе се повлече од преговарачкиот процес.