Ѝ ЈА УКРАЛЕ ЧАНТАТА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА САД, ШТО ИМАЛО ВНАТРЕ? Тајната служба не забележала ништо

Министерка за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, вечерала во популарниот ресторан „Капитал бургер“, при што чантата ѝ била до нозете под масата. Тајната служба покренала истрага за инцидентот.

250

Чантата на американската министерка за внатрешна безбедност (ДХС) Кристи Ноем, во која имало 3.000 долари во готовина, била украдена додека таа била на вечера во ресторан во Вашингтон. Ноем потврди дека била цел на грабеж, додавајќи дека случајот и натаму не е решен, објави Си-Ен-Ен.

Покрај парите, во чантата имало и лични предмети на Ноем, вклучувајќи возачка дозвола, пасош и значка на ДХС.






Некогашната гувернерка на Јужна Дакота вечерала во популарниот ресторан „Капитал бургер“, при што чантата ѝ била до нозете под масата. Тајната служба покренала истрага за инцидентот.

Како и останатите владини функционери, Тајната служба ја штити и Ноем, а членови на безбедносниот тим биле во ресторанот во моментот на кражбата, изјавија властите.

Поврзани содржини