ИСТРАГАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Е ПРИ КРАЈ Тошковски посочи дека МВР постапува по насоки на ОЈО

Се надевам дека за максимално краток временски период ќе завршиме со целокупната истрага за да се продолжи со понатомошниот тек на постапката, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

551

Истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ е при крај и за многу краток период таа ќе биде завршена, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој денеска беше во посета на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.

– Истрагата, која што се води од страна на Јавното обвинителство, сето она што е преземено досега е споделено со јавноста, истрагата сѐ уште е во тек. МВР постапува по насоки, добиени од ОЈО. Се надевам дека за максимално краток временски период ќе завршиме со целокупната истрага за да се продолжи со понатомошниот тек на постапката – рече Тошковски.






Се вештачат над 70 мобилни телефони и околу 30 дестоп и лаптоп комјутери, се прават проверки и анализи за истрагата во Кочани. Течат и оние 300 распити кои ги најави обвинителството, со цел да се утврди вината и за кобниот 16 март, но и системските пропусти кои се правеле од институциите во континуитет една деценија.

ПРИ ЧЕЛЕН УДАР СО 70 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС И ПОВЕЌЕ, МОЖНОСТА ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ Е НУЛА Македонија има катастрофална статистика за жртви од сообраќајки

Поврзани содржини