ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО ДОПРВА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА Политичари од опозицијата тропаат на владината порта

Веќе има понуди и барања разговори со други политички фактори во делот на опозицијата кои се подготвени да бидат дел од владиното мнозинство, така што ценам дека оваа ситуација нема да ја разниша и Владата, напротив, владиното мнозинство ќе биде уште поголемо, изјави лидерот на Беса, Билал Касами.

1,774

Претседателот на Движење Беса Биљал Касами оцени дека нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците на Таравари самостојно да оди на изборите за совети на општините.

Од друга страна дефинитивно нема да има соработка на коалицијата Вреди со АА на Таравари на локалните избори за градоначалници.






– Тоа поглавје е затворено, а ние како коалиција Вреди одлучивме да одиме заедно со градоначалници и со членови на советот и советници, а што се однесува до владина криза, нема таква можност, Владата има стабилно мнозинство. И самиот Таравари кажа дека не е подготвен да излезе од владината коалиција – изјави денеска од Тетово, Биљал Касами.

Според него, владиното мнозинство може и да се зголеми.

– Од друга страна веќе има понуди и барања разговори со други политички фактори во делот на опозицијата кои се подготвени да бидат дел од владиното мнозинство, така што ценам дека оваа ситуација нема да ја разниша и Владата, напротив, владиното мнозинство ќе биде уште поголемо – одговори Касами на денешните новинарски прашања за политичките теми по настан од општината.

Тој  присуствуваше на отворањето на „Инфо центар” во близина на градскиот плоштад.

Поврзани содржини