Ѝ ИСПРАТИЛА ПОРАКА НА БРНАБИЌ ДЕКА ЌЕ ЈА СИЛУВА Српската полиција откри кој ѝ пишувал на претседателката на српското Собрание
Осомничената 26-годишна девојка ќе биде во притвор 48 часа и ќе биде сослушана, соопштија српските власти.
Српската полиција идентификувала 26-годишна девојка (26) која испратила заканувачки пораки до претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ. На девојката ѝ е одредена мерка притвор од 48 часа, соопшти Првото основно јавно обвинителство на Србија, пренесуваат српските медиуми.
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ вчера изјави дека додека претседавала на седница во српското Собрание нејзиниот број на мобилен телефон бил објавен на социјалните мрежи и дека добила закани за силување и смрт. Таа ги известила надлежните институции.
„Осомниченaта А.О. (1999) е приведена поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело Загрозување на сигурноста по член 138 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението.
Се додава дека во рок од 48 часа осомничената ќе биде сослушана за околностите на кривичното дело за кое се товари, по што јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошна постапка.