УКРАИНСКИ, АМЕРИКАНСКИ И ЕВРОПСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА СРЕДБА ВО ПАРИЗ Виткоф ќе ги пренесе ставовите на Кремљ

САД продолжуваат да работат во оваа насока (за решавање на конфликтот во Украина) со Европејците и со Украинците. Меѓутоа, за жал, од Европејците гледаме дека тие се фокусирани исклучиво на продолжување на војната, рече претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков.

232

Кремљ соопшти дека денешната средба меѓу САД, Украина и европските земји во Париз е можност американскиот пратеник Стив Виткоф да ги информира Европејците за моменталниот статус на мировните преговори во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, и Виткоф имале долг разговор минатата недела.






– САД продолжуваат да работат во оваа насока со Европејците и со Украинците. Меѓутоа, за жал, од Европејците гледаме дека тие се фокусирани исклучиво на продолжување на војната – рече Песков.

Високи украински претставници денеска пристигнаа во Париз, каде што Европејците организираат средба на која ќе ја заштитат позицијата на Киев пред државниот секретар на САД, Марко Рубио, и пред американскиот пратеник Виткоф.

Поврзани содржини