КАЛИФОРНИЈА ГО ТУЖИ ТРАМП Сојузната држава бара да се укинат царините

Гувернерот Гевин Њусом вели дека економски хаос во Калифорнија, ги загрозуваат работните места и егзистенцијата на обичните луѓе

337

Американската сојузна држава Калифорнија ќе го тужи поранешниот претседател Доналд Трамп поради новите царини што ги воведе за увоз на стоки од целиот свет, објави денеска гувернерот Гевин Њусом, пренесува Си-ен-би-си.

– Овие царини создаваат економски хаос во Калифорнија, ги загрозуваат работните места и егзистенцијата на обичните луѓе. Ние ќе се бориме – порача Њусом, најавувајќи правна битка и повикувајќи ги федералните судови итно да ги блокираат царинските мерки.






Според него, Трамп го надминал своето овластување со одлуката да наметне 10% царина на сите увезени производи во САД.

– Ова не е само удар по нашата економија, туку и по семејствата кои веќе тешко врзуваат крај со крај. Ние нема да стоиме настрана – изјави гувернерот, повикувајќи ги и другите земји да ги ослободат извозните производи од Калифорнија од реципрочни давачки.

 

Поврзани содржини