ПОЛИТИКАТА НА ИЗРАЕЛ Е ЈАСНА, НЕМА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ГАЗА Кац посочи која е главната алатка за вршење притисок врз Хамас

Израел ја користи блокадата на помошта како клучна алатка за притисок врз Хамас, изјави министерот за одбрана Израел Кац.

454

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави денеска дека Израел во моментов нема намера да дозволи продолжување на протокот на хуманитарна помош кон Појасот Газа.

„Политиката на Израел е јасна и никаква хуманитарна помош нема да влезе во Газа“, рече Кац, објави Тајмс оф Израел.






Тој посочи дека спречувањето на помошта да влезе во Газа е „една од главните алатки“ за притисок врз Хамас, „покрај другите чекори што Израел ги презема“.

Поврзани содржини