КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА Е НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА „Глобал фајнанс“ ѝ ја додели наградата за долгорочна стабилност и технолошки иновации

При изборот на најдобрите банки, Global Finance ги разгледа квантитативните фактори, како што се раст на активата, профитабилност, стратешки односи, развој на нови бизниси и иновации во производи, како и мислењата на финансиски аналитичари, финансиски директори, банкари и банкарски консултанти од целиот свет.

74

Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“ од угледниот магазин Global Finance. Оваа престижна награда Банката ја добива по 14-ти пат, што е уште една потврда за нејзиниот континуиран развој, стабилност, иновации, грижа за клиентите и придонес за економијата.

Со оваа награда Банката се истакнува со својата посветеност на потребите на клиентите во услови на динамичност на пазарите и со своите силни резултати кои претставуваат темел и за иден успех.






– Признанието од Global Finance, особено во оваа јубилејна година, претставува силна потврда за нашето одржливо и успешно работење. Горди сме што сме препознаени како банка која создава вредност, покажува одговорност и има јасна визија за иднината. Оваа награда е резултат на посветената работа на целиот наш тим и на тоа што постојано се стремиме да ги подобриме производите и услугите и да се прилагодиме на современите потреби на граѓаните и на компаниите – изјави по повод наградата Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Со оваа награда Комерцијална банка повторно е во друштво на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 32-то издание на годишните награди на Global Finance.

– Глобалното банкарство продолжува да се прилагодува и да се развива, одговарајќи на предизвиците и капитализирајќи ги можностите со издржливост и иновации. Вештачката интелигенција брзо презеде клучна улога во трансформацијата на банкарството и нејзиниот развој ветува дека ќе го преобликува финансискиот сектор со невидено темпо. Наградата на Global Finance за најдобра банка им оддава чест на финансиските институции кои се истакнуваат со диверзитет во понудата, долгорочна стабилност и технолошки иновации – изјави Џозеф Д. Џарапуто, основач и уреднички директор на Global Finance.

При изборот на најдобрите банки, Global Finance ги разгледа квантитативните фактори, како што се раст на активата, профитабилност, стратешки односи, развој на нови бизниси и иновации во производи, како и мислењата на финансиски аналитичари, финансиски директори, банкари и банкарски консултанти од целиот свет.

Наградите од Магазинот Global Finance се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

-Континуираните признанија што Комерцијална банка ги добива од водечки светски магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance, нѐ мотивираат и во иднина да го движиме банкарството напред – преку нови идеи, современи решенија и стабилен развој, со што ги носиме придобивките до секој клиент и до целото општество – велат од Комерцијална банка.

Поврзани содржини