ПРЕМИЕРОТ ВЕЛИ ДЕКА ПРИЈАТНО ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДАТ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ Капитацијата ќе се покачи меѓу 20 и 30 отсто

670

Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти, соопшти премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион.

– Да, ги слушам и јас тие реакции од матичните лекари. Работиме на пријатно изненадување за нив. Очекувам дека веќе во следната недела ќе има добра вест за матичните лекари. Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти. Оставете да ги направиме конечните пресметки, ќе излеземе многу скоро со информација што мислам дека ќе биде позитивна вест за матичните лекари – одговори премиерот.

Поврзани содржини