ЗЕМЕТЕ СИ ЧАДОР, ДОЖДОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОРОЕН Наместа ќе грми и ќе вее
Следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч).