ТРЕВОГА ВО НАТО, ИСЧЕЗНАА ВОЈНИЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Се трага по четворица Американци на границата со Белорусија

Портпаролот на армијата Гинтаутас Цјунис изјави дека потрагата е во тек, но властите во Литванија сè уште не потврдиле дали исчезнатите војници се мртви. Војниците, наводно, изведувале тактичка обука на полигонот „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во Пабраде, кој е на десет километри од границата со Белорусија.

712

Литвански и странски војници започнаа потрага по четворица американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба на НАТО во Литванија во близина на границата со Белорусија, јавува Ројтерс. Тие исчезнале околу 16 часот и 45 минути во вторник во близина на Пабраде во нивното возило.

Портпаролот на армијата Гинтаутас Цјунис изјави дека потрагата е во тек, но властите во Литванија сè уште не потврдиле дали исчезнатите војници се мртви. Војниците, наводно, изведувале тактичка обука на полигонот „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во Пабраде, кој е на десет километри од границата со Белорусија.






Според извори од еден од најтиражните литвански медиуми, Lietuvos Rytas, во мочуриште било пронајдено возило со трага со четворица војници, а сите исчезнати војници се мртви. Официјални извори сè уште не ја потврдуваат трагедијата.

Американската војска спроведува заеднички вежби со литванските сили во услови на зголемени тензии меѓу балтичките држави и Русија.

Амбасадата на САД во Вилнус во средата поврди дека војниците исчезнале, но дека не се знае кога.

 

Поврзани содржини