15 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД АЛКАЛОИД ЗА КОЧАНИ Компанијата донираше и медицинска поддршка за здравствените установи

Од Алкалоид изразија благодарност до Црвениот крст и неговите 165 ангажирани волонтери, кои активно помагаа во справувањето со последиците од пожарот. Дополнително, компанијата упати признание и до здравствените професионалци во земјава, регионот и Европа, кои безрезервно ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во спасувањето на животите на повредените.

2,554

Компанијата Алкалоид АД Скопје се приклучи кон масовната акција за помош на настраданите во трагичниот пожар во Кочани, донирајќи 15 милиони денари преку Црвениот крст на РСМ. Оваа финансиска помош е наменета за поддршка на граѓаните погодени од несреќата и нивните семејства.

„Со длабока почит кон сите што покажаа хуманост во овие тешки моменти, ја упатуваме нашата поддршка на настраданите. Веруваме дека солидарноста и заедничките напори се клучни во надминувањето на ваквите трагедии“, соопштија од компанијата.






Од Алкалоид изразија благодарност до Црвениот крст и неговите 165 ангажирани волонтери, кои активно помагаа во справувањето со последиците од пожарот. Дополнително, компанијата упати признание и до здравствените професионалци во земјава, регионот и Европа, кои безрезервно ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во спасувањето на животите на повредените.

„Секој несебичен гест и секој вид на поддршка значат многу во вакви моменти. Искрено сочувствуваме со семејствата на жртвите и посакуваме брзо закрепнување на сите повредени“, истакнаа од Алкалоид.

Компанијата потсети дека од 16 март наваму во неколку наврати донирала медицински производи на здравствените установи во Македонија, во согласност со нивните потреби. Алкалоид најави дека ќе продолжи да помага онаму каде што е најпотребно, во духот на својата традиција на општествена одговорност.

„Понекогаш, дури и најмалиот гест на солидарност или утеха може да направи огромна разлика. Остануваме посветени на поддршката на заедницата“, порачаа од компанијата.

Поврзани содржини