🎥 ПАДНА КРВ НА УЛИЦИТЕ ВО НИШ Протестите излегоа од контрола, нападнат е градоначалникот

Во инцидентите се повредени повеќе лица, кои, според сведоци, биле погодени со камења.

4,415

Вечерва во Ниш дојде до сериозно нарушување на јавниот ред и мир, кога група граѓани, за кои се верува дека се поддржувачи на студентските блокади и опозициските протести, извршија насилен напад на неколку локации во градот.

Во инцидентите се повредени повеќе лица, кои, според сведоци, биле погодени со камења.






Насилството не го поштеди ниту градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, кој исто така бил физички нападнат.

Засега не е познат точниот број на повредени. Итната помош интервенирала на терен, а полицијата го обезбедува градското јадро.

Од надлежните институции се очекува официјално соопштение во текот на вечерта, а граѓаните се повикуваат на смиреност и воздржаност.

Поврзани содржини