📷 „СО СОЛЗИ И ТИШИНА ДАВАМЕ ПОЧИТ ЗА ЖРТВИТЕ“ Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост

Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени, порача премиерот Христијан Мицкоски.

697

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост, во солзи и тишина даваме почит за жртвите

Денеска премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.






Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени.

„Денеска, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир“, напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.

Посетата беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти.

Владата останува посветена на целосно расчистување на трагедијата и поддршка на погодените.

Поврзани содржини