📽 НЕТФЛИКС ПРЕД 2 ГОДИНИ ОБЈАВИ СЕРИЈА ЗА ПОЖАР ВО ДИСКОТЕКА Почетокот потсеќа на трагедијата во Кочани

Режисерот Густаво Липсктејн бил инспириран од вистински настан што се случил во 2013 година во градот Санта Марија во Бразил. Пожарот во дискотеката избувнал кога членовите на бендот запалиле бакљи. Во тој момент дошло до стампедо, а некои луѓе починале од вдишување чад. Повеќето од жртвите биле ученици на возраст од 17 до 30 години.

1,607

Серијата „Бескрајна ноќ“ која почна да се емитува на Нетфликс пред 2 години има неверојатна сличност со трагедијата во Кочани, пишува хрватски 24сата.

Режисерот Густаво Липсктејн бил инспириран од вистински настан што се случил во 2013 година во градот Санта Марија во Бразил. Пожарот во дискотеката избувнал кога членовите на бендот запалиле бакљи. Во тој момент дошло до стампедо, а некои луѓе починале од вдишување чад. Повеќето од жртвите биле ученици на возраст од 17 до 30 години.






Во пожарот во клубот во Санта Марија животот го загубија 242 лица. Повеќе од 600 од нив беа повредени.

Во серијата, родителите на жртвите формираат здружение за да се борат за правда и откриваат дека властите знаат повеќе од она што ѝ е познато на јавноста.

Во страотниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 лица и повеќе од 150 се повредени. Денешниот ден, вторник, беше прогласен за ден на жалост во Србија, Црна Гора, Босна Херцеговина и во Бугарија.

Во Македонија е прогласена седумдневна жалост.

Поврзани содржини