ПРИВАТНИОТ ДОКТОР НА СОПРУГАТА НА ЏИН ХАКМЕН ОТКРИВА НЕОБЈАСНИВ ДЕТАЉ ЗА СМРТТА НА ПАРОТ Една ситуација отвора нова мистерија – дали извештаите лажат?

Смртта на Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава полека добива облик на хорор филм!

522

Смртта на Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава полека добива облик на хорор филм!

Ниту во деновите откако официјално беше потврдена смртта на оскаровецот и пијанистката, не престануваат на површина да излегуваат нови контроверзии, нелогичности, сомнежи и мистерии. Најновата се однесува на повикот што дошол по смртта – несовпаѓање меѓу тврдењата на лекарот и официјалниот форензички извештај.






Мистеријата околу смртта на сопругата на оскаровецот Џин Хекман, Бетси Аракава, се продлабочува откако д-р Џосија Чајлд изнел тврдења кои ја доведуваат во прашање официјалната верзија на настаните. Според извештајот на надлежните лекари во Санта Фе, Бетси починала на 11 февруари од хантавирус, ретка респираторна болест која ја пренесуваат глодари. Меѓутоа, д-р Чајлд, поранешен специјалист за итна медицина, кој сега води приватна клиника овде, тврди дека Бетси ја контактирала неговата ординација на 12 февруари, што укажува дека таа била жива еден ден подолго од официјално наведеното.

Д-р Чајлд изјавил дека Бетси првично закажала преглед за 12 февруари поради одредени здравствени проблеми, кои тој не сакал да ги прецизира, но кои не се поврзани со респираторни тешкотии. Два дена пред закажаниот термин, таа го откажала прегледот поради лошата здравствена состојба на сопругот. Меѓутоа, на 12 февруари, таа повторно ја контактирала клиниката и разговарала со еден од лекарите, кој ја советувал да дојде на преглед тоа попладне. Бетси не се појавила на закажаниот термин, а вработените во клиниката се обиделе да ја контактираат неколкупати, безуспешно.

Овие информации фрлаат нова светлина врз околностите на нејзината смрт, особено ако се земе предвид дека хантавирус обично се манифестира преку сериозни респираторни симптоми кои се влошуваат со текот на времето. Медицинските експерти изразуваат сомнеж за официјалната верзија на настаните, истакнувајќи дека е исклучително ретко навидум здрава 65-годишна личност наеднаш да умре од хантавирус без претходни сериозни симптоми.

Џин Хекман, кој боледувал од Алцхајмерова болест, бил пронајден мртов во нивниот дом на 18 февруари, една недела по смртта на својата сопруга. Нивните тела биле откриени дури на 26 февруари, откако соседот изразил загриженост за отсуството на парот. Едно од нивните кучиња исто така било пронајдено мртво поради глад и дехидратација, додека преостанатите две кучиња преживеале.

Овие нове информации отвораат дополнителни прашања за точното време и причината за смртта на Бетси Аракава, како и за околностите кои довеле до оваа семејна трагедија.

 

Поврзани содржини