ТРАМП ГО ПОФАЛИ ЗЕЛЕНСКИ И ГО ПРОЧИТА ПИСМОТО ШТО ГО ДОБИЛ ОД НЕГО Претседателот на Украина е спремен да ја следи насоката на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече и дека претседателот на Украина изразил подготвеност Украина да го потпише договорот за минерали што го бара Вашингтон.

521

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази поддршка за напорите на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да ги подобри односите меѓу двете земји по претходниот тензичен состанок во Овалната соба.

Во своето прво обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес, по враќањето на функцијата, Трамп истакна дека добил писмо од Зеленски во кое украинскиот лидер ја потврдил подготвеноста на Киев за мировни преговори, пренесува ДПА.






– Го ценам што ми го испрати ова писмо – изјави Трамп, признавајќи ги обидите на Зеленски за помирување.

Тој цитираше делови од писмото, во кое Зеленски нагласил дека е подготвен да работи под раководството на Трамп за постигнување траен мир.

Трамп рече и дека претседателот на Украина изразил подготвеност Украина да го потпише договорот за минерали што го бара Вашингтон.

Претседателот на САД додаде дека неговата администрација активно преговара со Москва и дека добила „силни сигнали“ дека Русија е отворена за мировни преговори.

– Зарем тоа не би било прекрасно? Време е да се стави крај на ова лудило. Време е да се запре убивањето. Време е да се стави крај на бесмислената војна – рече Трамп, нагласувајќи дека мирот може да се постигне само преку дијалог со двете страни.

УКРАИНА Е СПРЕМНА ДА ГО ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ ЗА МИНЕРАЛИ СО САД Американската помош е клучна за Киев

Поврзани содржини