ЗЕЛЕНСКИ НИ ГО ИЗГУБИ ВРЕМЕТО Рубио не верува дека украинскиот претседател сака мир

Многу јасно ставивме до знаење кој е нашиот план, а тоа е да ги доведеме Русите на преговарачка маса, порача американскиот државен секретар Марко Рубио.

1,653

Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се извини по неговата расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

– Зеленски треба да се извини што ни го изгубивме времето за средбата што заврши на овој начин. Многу јасно ставивме до знаење кој е нашиот план, а тоа е да ги доведеме Русите на преговарачка маса – истакна Рубио во интервју за Си-ен-ен.






Тој додаде дека во изминатите десет дена во сите контакти со Украинците имало компликации, вклучително и јавни изјави на претседателот Зеленски, при што се поставува прашањето дали украинскиот претседател е подготвен за мир.

– Можеби не сака да склучи мировен договор. Тој вели дека го сака тоа, но можеби и не – истакна Рубио, додавајќи дека „овој начин на поткопување на мировните напори е многу разочарувачки“.

Поврзани содржини