ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ПЕТТЕ ЧЛЕНА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА СЕДНИЦА ВО МАРТ Правниците одговориле на забелешките

Интерпелациите ги поднеса 67 пратеници од владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се оснесуваат на членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

166

Во првата половина на март се очекува да се одржи собраниската седница за петте интерпелации на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието. Петте члена на Судскиот совет одговориле на забелешките во интерпелациите, а деновиве одговорите ќе бидат доставени до сите пратеници, по што ќе се закаже седницата, рече денеска на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Африм Гаши.

Интерпелациите ги поднеса 67 пратеници од владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се оснесуваат на членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.






Гаши, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека до Собранието сè уште нема допис од Владата во врска со разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Комисијата за труд и социјална политика сè уште нема претседател, по интерпелцијата за пратеничката Илире Даути, за што Гаши рече дека ќе почека уште малку Европскиот фрон да номинира нов прв човек на Комисијата. Доколку тоа не се случи има две опции – да назначи пратеник или, второ, без претрес измените на законот за бранители да се стават на собраниска седница.

Поврзани содржини