ОРГАНИЗИРАЛЕ БОРБИ СО КУЧИЊА, ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ТРИ ЛИЦА Спречена криминална банда која злоупотребувала животни

Приведените се задржани во полициска станица, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

215

Тетовската полиција приведе тројца мажи осомничени за организирање борба со кучиња во селото Долно Палчиште. Според информациите од МВР, приведени се А.М. (18) од Горно Палчиште, С.У. (50) од Долно Палчиште и Ј.И. (43) од прилепското село Дебреште.

„По добиена пријава, полициски службеници веднаш постапија и ги лишија од слобода лицата кои се затекнати на лице место при организирање борба со кучиња“, велат од СВР Тетово.






На местото на настанот излегле и претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, кои ги презеле животните за понатамошна постапка.

Приведените се задржани во полициска станица, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини