📷 КЕТИ ПЕРИ ПАТУВА ВО ВСЕЛЕНАТА СО СВРШЕНИЦАТА НА ЏЕФ БЕЗОС Лорен Санчез го предводи женскиот екипаж
Американската пејачка Кети Пери и новинарката Гејл Кинг ќе патуваат во вселената со Лорен Санчез, свршеницата на извршниот директор на „Амазон“ Џеф Безос и уште три жени.
Американската пејачка Кети Пери и новинарката Гејл Кинг ќе патуваат во вселената со Лорен Санчез, свршеницата на извршниот директор на „Амазон“ Џеф Безос и уште три жени.
View this post on Instagram
Веста ја објави вселенската компанија „Блу ориџин“, а Санчез, која е пилот и поранешен телевизиски новинар, ги избра членовите на екипажот.
Singer Katy Perry will go to space aboard next Blue Origin flight. She will be joined by five others women including two journalists – Gayle King and Lauren Sanchez 👨🚀🚀 pic.twitter.com/KXaK2BIw6D
— Sibu Tripathi 🪂 (@imsktripathi) February 27, 2025
Меѓу патниците ќе бидат познатата ТВ водителка Гејл Кинг, популарната пејачка Кети Пери, инженерката на воздухопловство Ајша Боу, активистката за граѓански права Аманда Нгујен и филмската продуцентка Керијан Флин.
„Таа е почестена да води тим истражувачи во мисија што ќе ја преиспита перспективата на Земјата, ќе ги охрабри да ги споделат сопствените приказни и ќе создаде трајно влијание што ќе ги инспирира генерациите што доаѓаат“, коментирале од „Блу ориџин“.
Летот ќе се изврши оваа пролет со ракета „Њу Шепард“.
Точниот датум на лансирање сè уште не е објавен.
„Блу ориџин“ има кратки туристички летови во вселената од 2021 година, при што некои патници летаат бесплатно, додека други плаќаат за патувањето.
View this post on Instagram
Засега не е познато кој го финансира овој претстоен лет.
Санчез ги покани Пери и Кинг, како и поранешниот ракетен научник на НАСА, кој сега води инженерска фирма, Ајша Боу, истражувачката Аманда Нгујен и филмската продуцентка Керијан Флин.