КОЈ ГО СПАСИ БУЈАР ОСМАНИ ОД СЛУЧАЈОТ „ПАЦИЕНТ“? Ако ДУИ сака ветинг, нека почне од бившиот министер, порачува Вреди
Бујар Османи беше единствениот за кој СЈО кажа дека има сомнеж и докази за сторен криминал, но не покрена обвинение. Зошто сите други процеси завршија во суд, а овој мистериозно беше стопиран, прашува Вреди.
ДУИ повторно ја манипулира јавноста со наводниот „ветинг“ и прочистување, а вистинското прашање останува – кој го спаси Бујар Османи од судска разврска за случајот „Пациент“, праша денека коалицијата Вреди.
„Специјалното јавно обвинителство покрена бројни случаи против високи функционери од владата на Никола Груевски, но само еден остана недопрен – предметот „Пациент“. Бујар Османи беше единствениот за кој СЈО кажа дека има сомнеж и докази за сторен криминал, но не покрена обвинение. Зошто сите други процеси завршија во суд, а овој мистериозно беше стопиран? Кој ја повлече рачната кочница? Дали Бујар Османи им должи на Мијалкови или на Заеви? На кого до крајот на животот ќе мора да му слугува господинот Османи?“, праша Вреди.
Бујар Османи остана без кривична одговорност, но моралната и етичката ќе ја носи до крајот на животот и затоа е добро сам да даде одговор каква штета претрпеа граѓаните, додава коалицијата.
„За време на министерувањето на Бујар Османи, Јавната здравствена установа Гинекологија Чаир беше жртва на сериозни злоупотреби. Таа клиника, каде се раѓаат децата на сите нас, од Чаир и пошироко, беше предмет на истрагата на СЈО. Колку пари беа украдени? Колку пациенти беа оставени без соодветна здравствена заштита? Колку луѓе загубија шанса за подобар третман поради криминалните игри на Османи?“, прашува Вреди.
Османи не е само политичар со сомнително минато, додава коалицијата, тој е директно одговорен за уназадувањето на здравствениот систем!
„Додека медицинските установи пропаѓаа, неговите блиски се богатеа. Колкава е цената на неговата слобода и кој ја плати?“, потенцира Вреди.
Време е за вистински ветинг, а не за лажна театарска претстава, порачува коалицијата.
„ДУИ може да продолжи со празни изјави, но граѓаните бараат одговори! Кој му помогна на Османи да избега од судот? Зошто институциите молчат? Колку долго ќе трае оваа заштита? Ако ДУИ навистина сака прочистување, нека почне од Бујар Османи! Време е за одговорност! Време е за правда!“, соопшти Вреди.