ТРГОВСКАТА ВОЈНА САМО ШТО НЕ ЗАПОЧНАЛА Европа подготвува одмазднички одговор на новите царини на Трамп

Подготвени сме за партнерство доколку играте според правилата. Но, ние исто така ќе ги заштитиме нашите потрошувачи и бизниси на секој чекор. Од нас не очекуваат ништо помалку, порача портпаролот на ЕК. 

140

Европската комисија , откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација наскоро ќе објави царини од 25% за увоз на производи од ЕУ, најави дека ќе реагира одлучно и навремено.

– ЕУ ќе реагира одлучно и веднаш против неоправданите пречки за слободната и фер трговија, вклучително и кога тарифите се користат за да се оспорат законите и недискриминаторните политики – рече портпаролот на Комисијата како одговор на барањето за коментар за забелешките на Трамп.






Тој нагласи дека ЕУ секогаш ќе ги штити европските компании, работници и потрошувачи од „неоправдани царини“.

Трамп во однос на прашањето за тарифна стапка за стоки од Европската унија, одговори дека донеле одлука и дека ќе ја објават многу брзо, а дека таа ќе биде 25%, генерално кажано, за автомобилите и за се останато.

Тој исто така изјави дека ЕУ е основана „за да ги измами САД“.

Портпаролот нагласи дека со создавањето на голем и интегриран единствен пазар „ЕУ ја олесни трговијата, ги намали трошоците за американските извозници и ги усогласи стандардите и регулативите во 27 земји“.

– Како резултат на тоа, американските инвестиции во Европа се високо профитабилни – додаде портпаролот.

Тој рече и дека Европа се залага за дијалог, отвореност и реципроцитет.

– Подготвени сме за партнерство доколку играте според правилата. Но, ние исто така ќе ги заштитиме нашите потрошувачи и бизниси на секој чекор. Од нас не очекуваат ништо помалку – истакна портпаролот на ЕК.

ТРАМП Ѝ ОБЈАВИ „ВОЈНА“ НА ЕВРОПА Америка воведе царини од 25 проценти на ЕУ-производи

 

Поврзани содржини