ИНДИСКА АГЕНЦИЈА НУДИ РАБОТА ВО МАКЕДОНИЈА Плата до 850 евра со сместување и храна

Според огласот, работниците кои ќе се пријават за работа во Македонија ќе добијат бесплатно сместување и храна.

399

Индиската агенција за вработување во странство Jobstars India објави оглас во кој се нудат 7 вида работни места во Македонија за плата од 550 до 850 евра во зависност од работните задачи.

Според огласот, работниците кои ќе се пријават за работа во Македонија ќе добијат бесплатно сместување и храна.






Највисок износ на плата им се нуди на инжинери, меѓу 750 и 850 евра, потоа на заварувачи и возачи со Ц категорија меѓу 550 и 700 евра месечно. Од 550 до 650 евра плата ќе добијат хигиеничари, ѕидари, керамичари, ѕидари со природен камен.

Во огласот не се наведува колкав број работници се бараат.

Агенцијата го објави огласот и на социјалните мрежи Фејсбук и Икс.

Поврзани содржини