ФРЧАТ КАЗНИ И ЗА НЕСОВЕСНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ И ПЕШАЦИ Само вчера се напишани 814 казни

Според податоците од МВР, 27 пешаци се санкционирани поради различни прекршоци, додека осуммина велосипедисти биле казнети за непочитување на сообраќајните правила.

889

Во рамки на засилените сообраќајни контроли што ги спроведува Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата, во текот на вчерашниот ден полициските службеници изрекоа вкупно 814 санкции. Најголемиот број прекршоци се однесуваат на непрописно паркирање и непочитување на дозволената брзина, но значителен број казни беа изречени и на пешаците и велосипедистите, наведено е во соопштението од Министерството за внатешни работи (МВР).

Според податоците од МВР, 27 пешаци се санкционирани поради различни прекршоци, додека осуммина велосипедисти биле казнети за непочитување на сообраќајните правила.






Овие бројки ја потенцираат важноста на внимателноста и одговорноста на сите учесници во сообраќајот, а не само на возачите на моторни возила.

Контролите исто така покажаа дека дел од прекршоците се однесуваат и на минување на црвено светло, при што биле регистрирани 16 такви случаи, како и осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Исто така, 15 возила биле затекнати како нерегистрирани, а 5 биле технички неисправни.

Полициските служби најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот. Апелираат до сите учесници – возачи, велосипедисти и пешаци – да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел намалување на ризикот од несреќи и зголемување на општата безбедност на патиштата.

Поврзани содржини