ЌЕ ПРОИЗВЕДУВАМЕ БЕЛА ТЕХНИКА ЗА БРЕНДОТ „БЕКО“ Фабриката ќе почне да се гради во март
Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски најавува уште една инвестиција од 70 милиони евра која ќе почне да се гради наскоро.
На почетокот на март ќе почне да се гради фабрика која ќе произведува бела техника и системи за греење „БЕКО“, најави директорот на ТИРЗ Гоце Димовски.
Тој рече дека набрзо потоа ќе се реализира и уште една инвестиција. Заедно ќе изнесуваат 95 милиони евра и ќе вработуваат повеќе од 700 лица.
-Крајот на месецов, почетокот на март ќе имаме камен темелник за нова инвестиција. Се работи за 25 милиони евра, и повеќе од 200 нови вработувања. Станува збор за компанија која ќе произведува системи за греење за бела техника за компанијата БЕКО, најпознатите производители на бела техника во светот – рече Димоски во изајва за ТВ 21.
Тој најави и уште една инвестиција која ќе чини 70 милиони евра.
– Имаме официјално известување од сериозна компанија за инвестирање во Македонија. Станува збор за инвестиција од 70 милиони евра, но нема да биде како дел, туку ќе функционира како целокупно производство. Не можам да кажам за што точно се работи, но ќе има повеќе од 500 вработувања. Преговараме со уште многу компании – рече Димовски.