„ДАЛИ СУДИЈКАТА АЛЕКСОВСКА СТОЈАНОВСКА Е КАДАР НА СДСМ?“ Партискиот штаб сместен во нејзината таткова куќа создава прашалници, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Дека судијката Алексовска Стојановска е кадар на СДСМ, освен по прогонот и драконските казни за ВМРО-ДПМНЕ, може да се заклучи и од тоа што во нејзина куќа сместиле партиски штаб. Односно, во куќа во сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска е сместен општинскиот штаб на СДСМ во Ранковце, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

2,272

СДСМ го окупираше и го зароби правосудниот систем. Во судството се потребни итни и неодложни реформи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Седум години власт наместо да работи на реформи и професионализација на правосудните органи, СДСМ во нив ставаше негови послушници, кои место по закон работеа по партиски директиви. Тоа може да се види и од долгогодишниот прогон на ВМРО-ДПМНЕ, каде што послушните судии партиските соопштенија на СДСМ ги преточуваа во судски одлуки, носејќи драконски казни за политички монтирани случаи. Таков е и примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска која за монтиран случај против ВМРО-ДПМНЕ пресуди драконски казни, а од затвор спасила лице кај кое било пронајдено значително количество дрога, кој по нецела година одзеде млад живот на скопските улици. Дека судијката Алексовска Стојановска е кадар на СДСМ, освен по прогонот и драконските казни за ВМРО-ДПМНЕ, може да се заклучи и од тоа што во нејзина куќа сместиле партиски штаб. Односно, во куќа во сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска е сместен општинскиот штаб на СДСМ во Ранковце. Таа е судијка која требала да биде непристрасна и да работи согласно закон, без политички влијанија, но наместо тоа, не само што во нејзиното работење била пристрасна и судела по партиски директиви, туку во нејзиниот дом во Ранковце го сместила општинскиот штаб на СДСМ“, се вели во соопштението.






Од ваквата постапка на отстапување на простор од семејната куќа за партиски штаб, наведено е таму, очигледна е блискоста и поврзаноста на судијката Алексовска Стојановска со СДСМ.

„И токму поради ваквите судии длабоко поврзани со политиката и партиите, потребна е итна реформа и ресетирање на правосудниот систем“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини