ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА КАКО ПАДНАЛ УЧЕНИКОТ ОД ПРОЗОРЕЦОТ ВО ПРИЛЕПСКОТО УЧИЛИШТЕ Директорката вели дека станува збор за дисциплиниран и беспрекорен ученик

Од страна на вработените во училиштето е постапено навремено и правилно, вели директорката на училиштето „Гоце Делчев“ од Прилеп, Снежана Котева.

298

Засега не се знае како дошло до несреќата во основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп, каде вчера во 14.35 часот шестоодделенец паднал од вториот кат низ отворен прозорен.

Според јавното обвинителство во Прилеп се работи на случајот и според првичните сознанија станува збор за несреќен случај, но сепак истрагата треба да покаже како дошло до падот на детето од прозорецот.






11-годишното дете се лекува на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија и е во стабилна  состојба, надвор од животна опасност.

Причините за несреќата не ги откри ниту директорката на училиштето Снежана Котева во соопштение до јавноста. Таа вели дека веднаш по известувањето за случката службите отишле на местото на несреќата и ученикот бил во контактибилна состојба, свесен временски и просторно. Потоа ученикот бил веднаш пренесен со Итна помош прво во прилепската болница, а потоа на клиниките во Скопје каде заминале и таа и класниот раководел на ученикот, како и неговата мајка.

„Сакам да истакнам дека станува збор за ученик кој е беспекорно послушен, дисципиниран, воспитан, одмерен, дружељубив, трудољубив, редовен ученик со одличен успех и примерно поведение. Од страна на вработените во училиштето е постапено навремено и правилно. Дежурните наставници најодговорно ја извршуваат својата обврска, во однос на дежурствата и присуството во ходниците во училиштето, почитувајќи го кодексот на однесување”, соопшти директорката Котева.

Од Итната помош во Прилеп рекоа дека поради сериозноста на повредите детето било пренесено на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

– Екипата на Итна помош интервенираше веднаш, детето беше итно пренесено во одделението за анестезиологија при општа болница Прилеп. Детето беше најдено во полусвесна состојба, легнато беше во дворот. При направените соодветни испитувања се укажа дека детето има фрактура на коска на стапалото и сомнеж за фрактура на неколку прешлени на градите – рече Боше Милошески, началник на Итна помош Причеп.

Според директорот на Клиниката за детска хирургија Лазе Јовчевски, детето било примено во болницата во текот на вчерашното дежурство, а денес тоа се наоѓа на интензивна нега, во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

– Детето е во стабилна општа состојба и е надвор од животна опасност. Има некои повреди кои што допрва ќе се доевалуираат и доколку е потребно и хируршки ќе се интервенира – изјави Лазе Јовчевски, директор на Клиниката за детска хирургија.

Увид веднаш извршиле и екипите на ПС Прилеп.

„Во Одделението за внатрешни работи Прилеп, од страна на лекар од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки повреди е донесено 11 годишно дете од Прилеп, според пријавеното 11 годишниот малолетник се здобил со повредите при пад од третиот кат на училиштето каде што учел. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

 

Поврзани содржини