ИНВЕСТИЦИИТЕ НА НИЈАГАРА БОТЛИНГ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ Мицкоски се сретна со Ендру Пејкоф, бизнисмен со македонско потекло
Нијагара Ботлинг е компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5.000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.
Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека имал исклучително срдечен разговор со Ендру Пејкоф, американски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на „Нијагара Ботлинг“.
„Инвестициите на ‘Нијагара Ботлинг’ во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во Светот. Обновуваме, но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне Македонија да биде повторно горда и ваша!“
„Нијагара Ботлинг“ е компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5.000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.