📷 МЕЛАНИЈА ТРАМП НА ИНАУГУРАЦИЈАТА СЕ ПОЈАВИ ВО ПАЛТО ОД 4.000 ЕВРА Првата дама на САД ги одбра американските дизајнери

Првата дама на Америка Меланија Трамп на инаугурацијата на својот сопруг Доналд Трамп се појави во моќно издание кое привлече внимание.

1,391

Првата дама на Америка Меланија Трамп на инаугурацијата на својот сопруг Доналд Трамп се појави во моќно издание кое привлече внимание.

Фото: EPA-EFE/CHIP SOMODEVILLA / POOL

 






Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темно сино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липс. Цената на капутот, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра.

 


Меланија го комплетираше изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темносини антилоп чевли со високи потпетици, со што го усогласила со темносиното палто на својот сопруг.

 


Првата дама ги поддржа американските дизајнери со својот моден избор за инаугурацијата, додека за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен.

 

Поврзани содржини