ЗОШТО ЈА ВОЗНЕМИРИ ЗОМБИ МАСКА?! Вевчанци ѝ порачаа на ДУИ дека има „мува на капата“

2,874

Вевчанци остро ги осудија обвинувањата од ДУИ за маската која привлече внимание на Вевчанскиот карневал, нарекувајќи ги целосно неосновани и политички мотивирани. Според Вевчанци, маската која предизвика контроверза е инспирирана од популарните зомби филмови и нема никаква врска со Зијадин Села или каква било политичка алузија.

„Оваа маска е дел од креативноста на учесниците, кои избраа тема од поп-културата. Нема апсолутно никаква политичка конотација“, се наведува на страницата на Фејсбук Мое Вевчани.






Нивната реакција доаѓа по изјавата на потпретседателот на Алијансата за Албанците, Исен Шабани дека „исмејувањето на трагедијата од 27 април на Вевчанскиот карневал е сериозна провокација која мора да биде казнета“.

Од Мое Вевчани ја обвинуваат ДУИ за селективност и лицемерие, истакнувајќи дека партијата останала нема кога на карневалот се појавија маски кои директно ги исмеваат корупциските скандали и криминалните активности на нивните функционери.

„Каде беа ДУИ кога се исмеваше нивниот ‘фудбалски тим’ кој играше по канцеларии, алудирајќи на нивната непрофесионалност и злоупотребите? Тогаш молчеа, а сега најдоа простор да се навредат од една зомби маска“, потенцираат од Мое Вевчани.

Оттаму порачуваат дека нема да дозволат Вевчанскиот карневал да се користи за ниски цели и тој ќе продолжи да биде простор за сатира и креативност, а не за политичко профитирање.

Поврзани содржини