ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ ЗА МАЖИТЕ СО ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА Сокот од грозје може да биде корисен за оние со проблеми во креветот
Испитаниците кои пиеле сок од ова овошје пет или повеќе пати неделно имале 79 отсто помалку проблеми.
Љубителите на природните решенија би можеле почесто да посегнуваат по ова овошје, особено средовечните мажи кои често се соочуваат со проблемот со еректилната дисфункција.
Постојат бројни фактори на ризик за развој на оваа состојба, вклучувајќи дебелина, пушење, прекумерно консумирање алкохол, висок крвен притисок, стрес, метаболички синдром, дијабетес и други состојби кои се сè почести во денешно време.
Покрај тоа, еректилната дисфункција е всушност често и кардиоваскуларна болест, бидејќи се јавува поради стеснување или затнување на артериите кои се со многу мал дијаметар.
Затоа, важно е да се земе предвид пошироката здравствена слика за луѓето кои се соочуваат со дисфункција, што значи дека ако претходно не се соочиле со болести, задолжително е да се направи контрола на нивниот крвен притисок, холестерол, шеќер во крвта, а исто така да се провери и статусот на ментално здравје.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.