ИЛОН МАСК ВЛЕЗЕ ВО ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА СО ТИЕРИ БРЕТОН Милијардерот го нарече еврокомесарот „тиранинот на Европа“

Оваа расправија се случи за време на нова онлајн полемика меѓу двајцата, милијардерот Илон Маск и еврокомесарот Тиери Бретон, во врска со поддршката на Маск за германската екстремна десница.

487

Американскиот милијардер Илон Маск денеска го нарече поранешниот европски комесар за дигитализација, Французинот Тиери Бретон, европски тиранин, објави НДТВ.

Ова се случи за време на нова онлајн полемика меѓу двајцата во врска со поддршката на Маск за германската екстремна десница.






Кон крајот на декември, Маск во порака на Икс рече дека само екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AфД) може да ја спаси Германија. Неговиот коментар предизвика жестока осуда во Европа, при што Бретон во тоа време неговата изјава ја нарече „странско мешање“.

„Човеку, американското ‘странско мешање’ е единствената причина поради која ти денеска не зборуваш германски или руски“, одговори Маск, алудирајќи на американското истоварување во Франција за време на Втората светска војна.

Дебатата беше обновена оваа недела по интервјуто со Бретон на телевизијата БФМТВ/РМЦ (BFMTV/RMC).

– Да ја задржиме нашата ладнокрвност и да ги спроведуваме нашите закони во Европа кога тие се изложени на ризик да бидат заобиколени. Тоа го направивме во Романија и треба да го направиме во Германија ако треба – рече Бретон.

Маск денеска на Икс одговори со посочување на „неверојатната апсурдност на Тиери Бретон, тиранинот на Европа“.

Како одговор на пораката на Маск, Бретон, исто така, напиша на мрежата Икс: „Тиранинот на Европа. Чекај. Но, не, Илон Маск: ЕУ нема механизам да поништи какви било избори насекаде во ЕУ“.

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ШТАЈНМАЈЕР Е ТИРАНИН! СРАМ ДА МУ Е!“ Илон Маск влезе во дуел со германските власти

 

Поврзани содржини