КРАЛ НА ЗАЧИНИТЕ Го намалува холестеролот, ја подобрува меморијата, здравјето на црниот дроб и ја зголемува апсорпцијата на нутриенти
Неговото активно соединение ја подобрува биорасположивоста на хранливите материи како што се витамин Б6, селен, бета-каротин
Еден од најпознатите и најкористените зачини во светот, познат по својот остар вкус и арома.
Доаѓа од сувите бобинки на растението Piper nigrum, по потекло од јужна Индија.
Црниот пипер не е само главна намирница во кујната, туку може да се смета и за „крал на зачините“.
Се користи во древната ајурведска медицина со илјадници години поради високата концентрација на моќни и корисни растителни соединенија.
Има антиинфламаторни својства кои спречуваат хронично воспаление, кое може да биде основна причина за разни здравствени состојби како што се артритис, срцеви заболувања, дијабетес и рак. Студиите докажуваат дека присуството на пиперин, главното активно соединение во црниот пипер, овозможува делотворна борба против воспаленија.
Пиперинот помага и при отечени зглобови, го потиснува воспалението на дишните патишта предизвикано од астма и сезонски алергии и го поддржува здравјето на црниот дроб. И денес се препорачува за зајакнување на имунитетот и за подобро варење, а најдобро е да користите свежо мелен пипер.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.