СЕДУММЕСЕЧНО БЕБЕ ПОЧИНА НА ДЕТСКА КЛИНИКА Почнале да му откажуваат органите, лекарите не можеле да го спасат

Ние се трудиме да имаме што помалку смртни случаи, но за жал не секогаш нашето знаење ни помага да избегнеме морталитет, изјави за Плусинфо директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди.

1,576

Седуммесечно бебе синоќа почина на Клиниката за детски болести во Скопје, откако неговата здравствена состојба се влошила во текот на хоспитализацијата.

Според информациите до кои дојдовме, бебето првично било одбиено за хоспитализација, а приемот следувал во средата дури по 48 часа. За време на тој период, органите на детето почнале да откажуваат, а лекувањето се покажало премногу доцна.






Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди, за Плусинфо потврди дека детето имало сериозен медицински синдром, кој предизвикал оштетување на повеќе органи.

Тој нагласи дека, за жал, состојбата на детето дополнително се влошила и на крајот довела до смрт.

– Вашата информација е точна. За жал, на Клиниката синоќа почина седуммесечно бебе. Како што сум информиран, бебето имало некој синдром и биле оштетени повеќе органи, со што состојбата дополнително се влошила. Лекарите вложиле напори да го спасат, но за жал не успеале. Ние се трудиме да имаме што помалку смртни случаи, но за жал не секогаш нашето знаење ни помага да избегнеме морталитет – ни изјави д-р Мемеди.

Директорот Мемеди додаде дека се очекува врз седдумечесното бебе да биде извршена обдукција и да се утврди точната причина за смртта.

Поврзани содржини