ШМИНКА, ПАРФЕМИ, БОИ ЗА КОСА ВО БРЕМЕНОСТА? Студија открива штетни хемикалии во мајчиното млеко

Хемикалиите претставуваат закана за здравјето на децата во развој и се поврзани со предвремено породување и пократка лактација

149

Поголемата употреба на производи за лична нега кај бремените жени или доилки доведува до повисоки нивоа на токсични PFAS хемикалии во нивната крв и мајчиното млеко, акроним кој означува хемиски соединенија кои ги произведува во човекот и кои не се природно присутни во телото, туку во околината, кои најчесто се користат во индустриското поле, покажува новото истражување, што претставува сериозна закана за здравјето на децата во развој.

Новата студија помага да се поврзат претходните трудови кои ја откриле опасноста од покачените нивоа на PFAS во производите за лична нега, крвта од папочната врвца и мајчиното млеко. Анализата на податоците од 2.000 жени покажала алармантни резултати, вели Амбер Хол, истражувач од Универзитетот Браун и коавтор на студијата.






„Не само што навлегуваат во крвта и во мајчиното млеко, туку се присутни во исклучително високи нивоа“, вели Хол.

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини