„ТОА Е ОДЛУКА НА ПУТИН“ Кремљ за обвинувањата дека Русија му дала азил на Башар ал Асад

Песков не сакаше да каже ниту кога последен пат се сретнале Путин и Асад, додавајќи дека тоа не планираат да го сторат во блиска иднина.

2,245

Кремљ потврди дека Русија му дала политички азил на поранешниот претседател на Сирија, Башар ал Асад, откако тој побегнал од земјата.

– Тоа е одлука на Владимир Путин – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.






– Кремљ нема што да каже за тоа каде се наоѓа Асад – додаде тој.

Песков не сакаше да каже ниту кога последен пат се сретнале Путин и Асад, додавајќи дека тоа не планираат да го сторат во блиска иднина.

На прашањето дали Русија е изненадена од настаните што се случуваат во Сирија, Песков рече дека се.

– Она што се случи генерално го изненади целиот свет. Во овој случај, ние не сме исклучок – додаде тој.

Во однос на руските воени бази во Сирија, тој рече дека е рано да се каже што ќе се случува во иднина и дека тие ќе бидат предмет на разговори со властодршците.

Режимот на Асад беше домаќин на московската воздухопловна база Хмејмим во сириската провинција Латакија и поморски објект во Тартус.

Поврзани содржини