НОВ ПРОТЕСТ ВО ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ Приватните превозници престануваат да возат, револтот ќе го искажат пред Град Скопје

Од денеска нема да сообраќаат линиите на приватните превозници со броевите 9, 11, 11а, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 52, 54, 61, 63 и 73.

413

Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје каде што со свирежи ќе го изразат своето незадоволство.

Овој чекор е од причина што претседавачот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, не го стави на дневен ред нивното барање за зголемување на таксата по километар.






Според информациите иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

– Иницијативата е доставена доцна за да биде вклучена во оваа седница. Инаку иницијативите се доставуваат до градоначалникот за мислење, а што не било случај со оваа. Таа ќе биде доставена денеска до градоначалничката Арсовска. Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот – ја објасни Славески процедурата.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

На денешната седница на Советот беше дискутирано дека на следната седница, доколку иницијативата од приватните превозници биде разгледана од градоначалничката Арсовска, истата ќе биде ставена на дневен ред.

Од денеска нема да сообраќаат линиите на приватните превозници со броевите 9, 11, 11а, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 52, 54, 61, 63 и 73.

Поврзани содржини