📽️ СЕ АКТИВИРА ИНДОНЕЗИСКИОТ ВУЛКАН ЛАКИ-ЛАКИ Вжарената лава паѓаше врз куќите, најмалку 9 лица загинаа

Вулканот почна да покажува знаци на зголемена активност на 1 ноември, според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности (ПВМБГ).

152

Најмалку 9 лица загина откако еруптира вулканот Лаки-Лаки кој се наоѓа на планината Левотоби  на источниот индонезиски остров Флорес.

Ави Мангота Халан, шеф на одделот за итна реакција и логистика за округот Источен Флорес, изјави дека спасувачките тимови сè уште трагаат по потенцијални жртви заробени под остатоците на урнати домови.






– Сè уште вршиме проценки и може да има повеќе жртви – изјави Халан за ДПА.

Ерупцијата предизвика паника меѓу жителите на околните села, при што многумина ги напуштија своите домови додека паѓал пепел и остатоци.

Владата прогласи вонредна состојба во погодените области до 31 декември, соопшти Халан.

Поради ерупцијата, властите наредија евакуација на околните села.

Вулканот почна да покажува знаци на зголемена активност на 1 ноември, според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности (ПВМБГ).

Центарот во соопштение наведе дека ерупциите се интензивирани во последните денови, со зголемена сеизмичка активност и зголемени облаци од пепел.

ПВМБГ соопшти дека е воспоставена зона на исклучување од седум километри околу вулканот.

Индонезија се соочува со чести вулкански ерупции и земјотреси.

Поврзани содржини