ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС Е БРЕМЕНА ПО ВТОРПАТ Оскаровката со сопственикот на уметничка галерија го чека второто дете

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (33) е бремена со второ дете, јавува „Вог“. Синоќа изглегла на вечера во Лос Анџелес, а нејзиниот труднички стомак се надѕирал под облеката.

1,345

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (33) е бремена со второ дете, јавува „Вог“. Синоќа изглегла на вечера во Лос Анџелес, а нејзиниот труднички стомак се надѕирал под облеката.

Убавите вести пристигнаа преку објава и соопштение на инстаграм-профилот на „Вог“ во неделата.






„Честитки за Џенифер Лоренс! Оскаровката, актерка го чека своето второ дете со сопругот Кук Марони“, напиша „Вог“ во насловото на објавата, додавајќи дека претставниците на Лоренс ја потврдиле среќната вест.

Актерката веќе го има двегодишниот син Кја со сопругот Кук Марони. Двојката се венча во 2019 година во дворецот Белкурт на Род Ајланд.

Ова вест е најновото поглавје во интересната фаза од животот на оскаровката. В петок премиерно ќе се прикаже документарецот „Zurawski vs. Texas“, кој зборува за влијанието на строгите закони против абортус во Тексас, а го продуцираше заедно со Хилари Клинтон.

 

 

Поврзани содржини