СМРТОНОСНА БОЛЕСТ ИЗБИ ВО ЛИБАН Светската здравствена организација е загрижена поради случај на колера

Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на водата, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Ризикот од избувнување секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат во нехумани услови, поради немање основни хигиенски услови.

472

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е загрижена поради првиот потврден случај на колера во Либан кој е разурнат од тековната војна со Израел. СЗО нагласува дека итно се работи на спречување на поголема епидемија. Либанските здравствени власти неделава го потврдија првиот случај.

Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на водата, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Ризикот од избувнување секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат во нехумани услови, поради немање основни хигиенски услови.






СЗО потсетува дека повеќе од милион луѓе се раселени во Либан поради израелските напади во борбата против Хезболах. Многумина живеат во тесни засолништа или на отворено и немаат пристап до чиста вода.

Во меѓувреме, тензиите меѓу Израел и милитантната група Хезболах од Либан растат.

Поврзани содржини