ДАВАТЕ ГОЛЕМИ СУБВЕНЦИИ Европа не го прифаќа кинескиот предлог за минимална цена на автомобилите
Европската Унија е строго против Кина да дава субвенции за своите производители на автомобили, со што ја спречува конкуренцијата и еднакви услови за сите.
Европската комисија го отфрли предлогот на кинеската влада увозните електрични возила произведени во Кина да се продаваат во Европската Унија по минимална цена од 30.000 евра.
Конкретните детали од понудениот компромис во преговорите меѓу двете страни не се објавени.
Пекинг го понуди ова решение за да се спречи претстојното воведување дополнителни царини на Европската Унија за кинеските возила.
Членките на Европската Унија наскоро треба да гласаат за тарифите за кинеските електрични возила до 35,3%, што ќе ги надмине стандардните тарифи за увоз на автомобили на Европската Унија од 10%.
ЕК како причина за воведувањето на ваквата мерка наведе што ЕУ е строго против Кина да дава субвенции за своите производители на автомобили, со што ја спречува конкуренцијата и еднакви услови за сите.