📷 ТОЈ 80, ТАА 55 ГОДИНИ Мајкл Даглас и Кетрин вчера ги прославија родендените, актерката позираше гола како подарок за него

Актерот Мајкл Даглас и неговата сопруга и колешка Кетрин Зита-Џонс ги слават своите родендени на ист ден - 25 септември. Таа наполни 55, а тој 80.

4,410

Актерот Мајкл Даглас и неговата сопруга и колешка Кетрин Зита-Џонс ги слават своите родендени на ист ден – 25 септември. Таа наполни 55, а тој 80.

Тие никогаш не пропуштаат прилика јавно да си честитаат, а Кетрин ги изненади сите кога на Инстаграм објави фотографија на која позира целосно гола, истакнувајќи дека тоа е „подарок за нејзиниот сопруг“.






„Во мојот роденденски костум. По 25 години споделување роденден со мојот сопруг, останав без идеи. Ова е втора опција за подарок, топчињата за голф се опција број еден, се разбира“, напиша таа на фотографијата.

 

Нејзиниот и колегата на Мајкл, Алек Болдвин, беше меѓу првите кои го коментираа ова, пишувајќи: „Фотографија. Нема време за голф“.

Малку порано актерката му честиташе на сопругот со нивна заедничка фотографија, со порака: „Среќен роденден на Мајкл и мене“. Ова сме ние за нашиот роденден пред 25 години. Те сакам со целото мое срце“.

 


И Даглас и честиташе на сопругата објавувајќи нејзина фотографија.

„На мојата роденденска сестра. Те сакам со целото мое срце. Нека твојата нова година биде најдобра“, напиша актерот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Поврзани содржини