СТОЛЕ ЌЕ ГО БРАНИ ГОЛОТ НА БАРСЕЛОНА? Македонскиот голман пред трансфер од соништата

Димитриевски ова лето потпиша за Валенсија, но е закован на клупата бидејќи Мамардашвили остана во клубот.

1,475

Каталонскиот весник „Спорт“ открива дека Барселона има неколку кандидати за засилување на голманската позиција во јануари, а еден од нив е и Столе Димитриевски.

Тер Штеген ги скина лигаментите и ќе ја пропушти целата сезона, па Деко и Лапорта ги разгледувале опциите за нов голман.






Нашиот Димитриевски е еден од тројцата кандидати, останатите двајца се Алваро Ваљес и Ѓилерме Рестес.

Планот на Барселона е Инаки Пења да брани до јануари, а кога ќе се отвори зимскиот преоден рок да биде ангажиран нов голман.

Димитриевски ова лето потпиша за Валенсија, но е закован на клупата бидејќи Мамардашвили остана во клубот.

Поврзани содржини