„СОВЕТНИЦИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ ЗА ДОНАЦИЈАТА ЗА ЦРКВАТА ВО БЕРЛИН“ Герасимовски лично е против барањето на МПЦ, бидејќи тоа не е од интерес за центарци

Герасимовски додаде дека советниците ќе мора сами да одлучат дали ќе ја одобрат донацијата. Инаку СДСМ има најмногу советници,9, во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има 8 и по три независната листа на граѓани „Шанса за Центар“ и Левица.

431

Советниците во Советот на општина Центар се соочени со дилема која предизвикува сериозни дебати во јавноста, мора да одлучат дали ќе одвојат средства од општинскиот буџет за изградба на црква Св. „Климент Охридски” во Берлин.

Предлогот инициран од Македонската православна црква отвора прашања за соодветноста од користење на јавни средства за финансирање верски објекти во странство.






– Во врска со реакциите за предложената точка на дневен ред за донирање на финансиски средства на Македонска православна епархија за Европа – Берлин, апелирам граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации. Моја законска обврска е барањето да го проследам до Советот. А став на советниците на СДСМ и мој личен став е дека нема да поддржиме проекти од буџетот на општина Центар кои не се во интерес на граѓаните на општината – рече градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски додаде дека советниците ќе мора сами да одлучат дали ќе ја одобрат донацијата. Инаку СДСМ има најмногу советници,9, во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има 8 и по три независната листа на граѓани „Шанса за Центар“ и Левица.

Од кабинетот на Герасимовски велат дека каков и да биде резултатот од гласањето на Советот, тој нема намера да троши финансиски средства за патувања или слични намени што не се во функција на подобрување на животот на граѓаните на Општина Центар.

Поврзани содржини