СЕМКИ ОД ТИКВА ВО МЕД: Ја подобруваат меморијата, моќни се во борбата против цревните паразити и воспалението на простатата
Редовното консумирање на семки од тиква со мед се препорачува за тинејџерите и за повозрасните мажи кои имаат проблеми со простатата.
Денес ќе напишеме малку повеќе за семките од тиква и за нивната извонредна комбинација со мед. Многумина не знаат до кој степен семките од тиква се богати со протеини и корисни масти. Семките од тиква содржат околу 50% масло и 30% квалитетни протеини.
Затоа се многу корисни за децата, адолесцентите и постарите лица, односно за сите оние на кои им се потребни висококвалитетни протеини и енергетски материи.
Важно е да знаете дека семките од тиква се еден од најдобрите извори на цинк и омега-6 масни киселини и секако, не содржат холестерол.
Цинкот е минерал кој ја нормализира функцијата на мозокот, ја подобрува меморијата, го намалува
заморот и раздразливоста и го нормализира спиењето.
За тоа е доволна количина од само 20 излупени семки дневно.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.