📽️ СУПЕР ТАЈФУНОТ ЈАГИ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН КИНА Затворени се училиштата, а летовите од аеродромите се одложени
Се очекува ударите на ветерот да достигнат и до 240 км/ч, а тајфунот Јаги моментално е од категоријата 4, што го прави најсилниот по ураганот Берил, кој имаше категорија 5. Научниците сметаат дека причината за се посилните временски непогоди лежи во климатските промени и фактот дека температурата на океаните се зголемила.
Еден од најсилните тајфуни годинава се движи кон популарното кинеско летувалиште Хаинан и денеска се очекува удар, а се верува дека ќе се почувствува и во Хонг Конг, како и во јужните делови на земјата.
Се очекува ударите на ветерот да достигнат и до 240 км/ч, а тајфунот Јаги моментално е од категоријата 4, што го прави најсилниот по ураганот Берил, кој имаше категорија 5. Научниците сметаат дека причината за се посилните временски непогоди лежи во климатските промени и фактот дека температурата на океаните се зголемила.
Овој тајфун, кој пред само два дена беше тропска бура со удари на ветер до 90 км/ч, исто така бележи забележителна брзина на прогресија, но се засили поради топлината на водата.
El Super tifón #Yagi con su trayectoria hacia la isla de Hainan, China. Es probable que los vientos superen los 200 km/h al tocar tierra. Peligrosas marejadas ciclónicas podrían inundar muchas zonas costeras alrededor de la península de Leizhou y el este de Hainan pic.twitter.com/A7K5f8nlxH
— Alertageo (@alertarojanot) September 5, 2024
Патниот и воздушниот сообраќај е запрен, училиштата, рестораните, баровите се затворени, а многу јужни делови на Кина кои се на пат да бидат погодени преземаат мерки.
Се верува дека дојдовниот тајфун е најсилниот што го погодил Хаинан по тајфунот Рамасун во 2014 година, во кој загинаа најмалку 62 лица и предизвикаа штета од околу 5,3 милијарди долари на земјата.
Super #Typhoon Yagi hits southern China, leading to school closures and flight cancellations. The storm’s impact is being felt across the region, with safety measures ramping up. #ExtremeWeather #Sustainability pic.twitter.com/lwtKs8mqG5
— ClimateShift (@ClimateShiftX) September 6, 2024