📷 МАКРОН СЛЕТА ВО БЕЛГРАД На пистата го чекаше Вучиќ со сите почести
Двајцата претседатели утре попладне ќе присуствуваат на отворање на плоча по повод завршување на активности за модернизација на аеродромот „Никола Тесла“.
Францускиот претседател Емануел Макрон попладнево пристигна во дводневна посета на Србија. Авионот на високиот гостин слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград во придружба на борбени ловци од типот Ми-29 на српското воено воздухопловство.
На пистата беше пречекан од неговиот домаќин, Александар Вучиќ со сите државни почести.
Вучиќ и Макрон имаа состанок по што следуваше размена на потпишани билатерални договори во салата „Југославија“ во Палата Србија.
Вториот ден од посетата, Макрон ќе го посети Нови Сад каде, заедно со Вучиќ, ќе се обратат на Форум на млади и вештачка интелигенција.
Двајцата претседатели утре попладне ќе присуствуваат на отворање на плоча по повод завршување на активности за модернизација на аеродромот „Никола Тесла“.
Ова е втора посета на Макрон на Србија, по јули во 2019 година, кога двете земји одбележаа 180 години од воспоставување на дипломатските односи. Вучиќ беше во официјална посета на Париз во април во оваа година, а двајцата државници се сретнаа и за време на Олимписките игри во француската престолнина.