📷 СИТЕ МИСЛАТ ДЕКА КОНЕЧНО ПРОНАШЛА ЗАМЕНА ЗА БРЕД Анџелина Џоли „уловена“ во интересно друштво во Венеција

Анџелина од моментот кога стана слободна жена ја поврзуваа со неколку познати мажи, а споменатите врски никогаш јавно не ги потврдила или негирала. Актерката веќе беше фатена во друштво на британскиот рапер Акала.

4,205

Холивудската актерка Анџелина Џоли пристигна во Венеција каде деновиве се одржува 81. Мостра, еден од најпознатите филмски фестивали во светот. Актерката е во овој бајковит град поради работа, бидејќи во склоп на богатата програма премиерно ќе биде прикажана биографската драма за оперската певица Марија Калас насловена „Марија“ во која Џоли ја толкува насловната улога.

Но, се чини дека Анџелина притоа успеала да ги спои и работата и забавата. Имено, камерите на фоторепортерите успеале да ја „уловат“ 49-годишната холивудска актерка во друштво на британскиот рапер Акала, чие полно име е Џејмс Кингсли Меклин Дејли.

 







Анџелина и Акала се упатиле на прошетка по мостовите кои се наоѓаат над познатите венецијански канали, а делува по малку симболично што Анџелина за свој придружник во овој романтичен италијански град го избрала токму музичарот со кој медиумите веќе извесно време ја поврзуваат, иако официјалната потврда за врската сè уште не пристигнала. Веднаш се појавија гласини дека Џоли конечно пронашла љубов по турбулентната врска со поранешниот сопруг Бред Пит. И додека Бред пронајде нова среќа во врската со убавата Инес де Рамон, љубовниот статус на една од најубавите жени на светот останува отворен. Но, прашање е уште колку ќе биде така, а за тоа сведочат и новите фотографии.

Анџелина од моментот кога стана слободна жена ја поврзуваа со неколку познати мажи, а споменатите врски никогаш јавно не ги потврди ниту негира. Актерката веќе беше фатена во друштво на британскиот рапер Акала. Тие заедно го посетија Милано и отидоа на вечера со друштвото од биографскиот драмски филм „Марија“, во кој Анџелина ја игра оперската пејачка Марија Калас.

 

Поврзани содржини